Општина Илинден и компанијата Макдиа ДОО Илинден потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, како една од најзначајните области за развој, подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во СОСУ „Илинден.
Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на Макдиа, Мирјана Ранчанов.
Овој меморандум за соработка има за цел имплементација на образовните програми преку спроведување на практични обуки на дуален принцип каде учениците непосредно ќе имаат можност да го следат целокупниот процес на производство и преку нивните ментори да изведуваат практични обуки во просториите на компанијата. Исто така, компанијата ќе овозможи стипендирање на ученици кои се истакнуваат во образовниот процес како и можност за склучување на договор за вработување по завршување на образовниот процес согласно потребите на компанијата Макдиа.
Компанијата Макдиа произведува производи за печатарската и текстилната индустрија, а најголем дел од производството е наменето за извоз на пазарите на Источна Европа, Турција, Персискиот Залив и Северна Африка.