Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска во просториите на Општина Илинден граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози во функција за подобрување на квалитетот на условите за живот.
Општина Илинден е отворена и транспарентна во комуникацијата со граѓаните, заеднички го креира буџетот и ги решава проблемите.
Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со претставници на службите од општината како и пратеникот Владо Мисајловски, оствари средби со граѓаните во просториите на Општината на кои се разговараше за предлозите за модерна и урбана Општина Илинден, каде беа презентирани своите идеите преку кои граѓаните директно ќе можат да учествуваат во распределбата на средствата за следната година.
Сите предлози и барања од граѓаните, ќе бидат детално анализирани од стручните служби во Општината, и согласно реално остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите, истите ќе бидат имплементирани во програмата за работа и Буџетот за 2023 година.