По барање на граѓаните и во насока на решавање на проблемот со бездомни и нерегистрирани кучиња, општина Илинден презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

По пријави од граѓани и по издаден налог на работа на вршителот на услуга, утврдена состојба на терен, бездомните кучиња се заловуваат каде во 2 наврати заловени се 6 кучиња. Приоритет за заловување и третман на бездомни и нерегистрирани кучиња се дава на дворните површини на училиштата, детските градинки, јавните објекти и други фреквентни места и улици во централниот дел на општината.

Заловувањето се врши според програмата за третирање и постапување со животните скитници на подрачјето на општина Илинден за 2024 година, донесена од страна на Советот на Општина Илинден. При заловувањето на кучињата често се утврдува дека тие имаат микрочипови, односно имаат сопственици, поради што за заловување и третман наплатата за услугата се префрла на товар на сопствениците.

За таа цел општина Илинден апелира  до сите сопственици на кучиња, без разлика дали се регистрирани или не, да се грижат за своите миленици и да не ги пуштаат без придружба на сопственикот да се движат на јавни места.