Одговорно, транспaрентно и во служба на граѓаните. Општина Илинден е во процес на изработка  на новиот Буџет за 2023 година, за таа цел, градоначалникот Александар Георгиевски секојдневно врши обиколка на населените места каде разговара со жителите на кои им достави анкетен прашалник преку кој можат да ги посочат своите предлози, потреби и проблеми со кои се соочуваат во секојдневието.

Целта е граѓаните активно да учествуваат во креирањето на Буџетот, ваквата инклузивна можност воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите и одговорност, транспарентност и отчетност  во работата на локалната власт.

Предлозите доставени од граѓаните ќе бидат анализирани и согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на  проектите ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.

Воедно, граѓаните на Општина Илинден, имат  можност  сите свои  предлози да ги достават и преку електронски пат (ilinden@ilinden.gov.mk) со пополнување на анкетен лист/прашалник на нашиот сајт  www.ilinden.gov.mk,  или да ги достават во архивата на Општината секој работен ден  до 30.11.2022 година.