По повод 21 Февруари -Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на покана од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, група ученици од ООУ„Гоце Делчев“ – н. Илинден, присуствуваа на манифестацијата приготвена по овој повод. Освен ООУ„Гоце Делчев“ од н. Илинден, на манифестацијата беа поканети училиштата што го носат името на великанот Гоце Делчев, од Скопје и неговата околина.
Учениците читаа лични творби по повод овој ден, a имаа можност да ја посетат и спомен собата на Крсте Петков Мисирков, која се наоѓа во рамки на Институтот, во која проследија пригодно предавање.
![](https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2022/02/institut-za-makedonski-jazik-1.jpg)
Покрај претставување на учениците во Институтот, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со пригодна активност се одбележа и во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ – н. Илинден.