Под покровителство на Општина Илинден и во организација на сојузот на училишен спорт „Илинден“ и федерацијата на училишен спорт на Македонија, се одржаа првите општински натпревари во футсал за основни училишта на кои учествуваа, ООУ „Ристо Крле“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Гоце Делчев“.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги поздрави присутните, истакна дека приоритет и иднина на општината се секогаш младите, нивниот развој, стекнување на здрави навики и натпреварувачки дух, на сите учесници на општинските натпревари им поска успех.
На натпреварите во спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, учество земаа учениците од 8 и 9 одделение во машка конкуренција, победник е ООУ „Гоце Делчев“ кои во финалето беа подобри од ООУ „Браќа Миладиновци“ со 4-1, обезбедија изборен пласман на зонските натпревари.