По повод 113. години од смртта на Војводата Васил Стојанов Аџаларски, во Домот на културата „Илинден“, во организација на Здружението за чување и негување на македонската традиција „Македонски Аманет“, беше одржана трибина за ликот и делото на скопскиот војвода.
Трибината беше поддржана од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Васил Стојанов-Аџаларски, е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во ноември 1909 година.
Војводата Аџларски со поголема чета Комити делувал во скопскиот регион, важел за заштитник на локалното население од османлиите, тој е пример за македонски непокор и борба за ослободување.