Во просториите на Општина Илинден се одржа четвртата седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден со која раководеше командантот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината како и претставници од ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПО Петровец, од Општинскиот противпожарен сојуз на Илинден, како и АД Водостопанство.
На четвртата редовна седница акцентот на дискусијата беше ставен на моменталната состојба со високите температури, со цел превземање на превентивни мерки за заштита од евентуални пожари на територија на општина Илинден, како и заштита од можни поплави кои можат да настанат поради нестабилност на временските услови.
На оваа седница беа дадени и препораки за спречување на настанување и за отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи.