За да добиете Извод од урбанистички план треба да ги доставите следните документи:
1.Барање за издавање на Извод од урбанистички план ЛИНК
2.Имотен лист не постар од 6 (шест) месеци-копија
3.Доказ за платена административна такса во износ од 550,00 денари (за парцела со површина до 500 м2) или во износ од 850,00 денари (за парцела со површина над 500 м2)
Аплицирањето на документацијата за издавање на Извод од урбанистички план се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За да добиете Уверение за катастарска парцела треба да ги доставите следните документи:
1.Барање за издавање Уверение за катастарска парцела ЛИНК
2.Имотен лист не постар од 6 (шест) месеци-копија
3.Доказ за платена административна такса во износ од 300,00 денари
Аплицирањето на документацијата за издавање на Уверение за катастарска парцела се врши во писмена форма и се поднесува на шалтерот во општината
За да добиете Одобрение за градење треба да ги доставете следните документи:
1.Основен проект (PDF, DWG формат потпишани со електронски потпис) со Извештај за ревизија на основниот проект (PDF формат со електронски потпис) или Писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата,
2.Идеен проект (PDF, DWG формат со електронски потпис) доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење.
3.Доказ за право на градење:
- Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
- Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште
- Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство
- Одлука на Владата на Република Македонија со која државен орган, агенција или фонд основани од Владата на Република Македонија, правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија или единица на локалната самоуправа се стекнале со право на градење
- Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост
- Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење
- Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или
- Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
4.Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.
5.Доказ за платена административна такса во износ 1.500,00 денари
6.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
7.Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Аплицирањето на документацијата за издавање на Одобрение за градење се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За одобрување на Идеен проект треба да ги доставите следните документи:
1.Идеен проект со извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација (PDF, DWG формат со електронски потпис)
2.Проект за инфраструктура (PDF формат со електронски потпис) заверен од надлежен орган, доколку се работи за линиски инфраструктурни градби, а за надградбите од членот 59-ѕ став (1) од Законот за градење се доставува само идеен проект
3.Доказ за платена административна такса во износ од 300,00 денари
4.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за одобрување на Идеен проект се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За да добиете Решение за одобрување на измени во тек на изградбата треба да ги доставете следните документи:
1.Дополнување на основниот проект (PDF, DWG формат со електронски потпис) со Извештај за ревизија на дополнувањето на основниот проект (PDF формат со електронски потпис)
2.Доказ за платена административна такса во износ од 1.000,00 денари
3.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
4.Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Аплицирањето на документацијата за издавање на Решение за одобрување на измени во тек на изградбата се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За да добиете Решение за промена на инвеститор треба да ги доставете следните документи:
1.Доказ за стекнат статус на инвеститор-правно дело потврдено од овластен нотар
2.Изјава согласно член член 70 став 1 од Законот за градење заверена од овластен нотар (за превземање на правото за градење и правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето (управителот на градбата, правните лица за вршење на работите на проектирање, ревизија, надзор и изведувачот), како и доколку ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал како резултат на склучени договори за хипотека и други правни дела за промет на градбата или делови од градбата прибележани во листот за предбележување на градба)
3.Одобрение за градење
4.Доказ за платена административна такса во износ од 1.000,00 денари.
5.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Решение за промена на инвеститор се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За да добиете Одобрение за подготвителни работи треба да ги доставете следните документи:
1.Писмено Барање за издавање на Одобрение за подготвителни работи
2.Проект за подготвителни работи (PDF, DWG формат со електронски потпис)
3.Согласности и мислења
4.Докази за регулирани имотно-правни односи за земјиштето на кое ќе бидат поставени градбите за подготвителни работи
5.Доказ за платена административна такса во износ од 1.500,00 денари.
6.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Одобрение за подготвителни работи се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За да добиете Решение за изведување на градба за кои не е потребно одобрение, односно поставување на опрема треба да ги доставете следните документи:
1.Барање за изведување на градба односно поставување на опрема
2.Документација согласно Правилник за форма и содржината на барањето, потребната документација и образецот на Решението за изведување на градбите односно поставување на опремата за кои не е потребно одобрение за градење
3.Доказ за платена административна такса во износ од 800,00 денари.
4.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Решение за изведување на градба односно поставување на опрема се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За да добиете Одобрение за поставување на времен објект треба да ги доставете следните документи:
1.Писмено Барање за издавање на Одобрение за поставување на времен објект
2.Договор за краткотраен закуп на градежното земјиште склучен согласно со закон
3.Имотен лист за предметното земјиште
4.Идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно со микролокациските услови (PDF, DWG формат со електронски потпис)
5.Доказ за платена административна такса во износ од 1.000,00 денари
6.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Одобрение за поставување на времен објект се врши во писмена форма и се поднесува на шалтерот во општината
За да добиете Одобрение за поставување на урбана опрема треба да ги доставете следните документи:
1.Писмено Барање за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема – ЛИНК
2.Документација согласно Програма за поставување на урбана опрема
3.Доказ за платена административна такса во износ од 1.000,00 денари
4.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема се врши во писмена форма и се поднесува на шалтерот во општината
За да добиете Одобрение за доградба или надградба потребно е да ги доставите следните документи:
1.Основен проект (PDF/DWG формат со електронски потпис) со Извештај за ревизија на основниот проект (PDF формат со електронски потпис) или писмен Извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и позитивно Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата
2.Идеен проект (PDF/DWG формат со електронски потпис) доколку истиот претходно е доставен и одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење
3.Доказ за право на градење:
- Имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
- Договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште
- Договор за концесија или договор за јавно приватно партнерство
- Одлука на Владата на Република Македонија со која државен орган, агенција или фонд основани од Владата на Република Македонија, правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија или единица на локалната самоуправа се стекнале со право на градење
- Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост
- Одлука на Советот на општината доколку се работи за доградба и надградба на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење
- Изјава од инвеститорот со која истиот ќе потврди дека ја презема обврската да ги регулира имотноправните односи во текот на изградбата и дека истите целосно ќе ги регулира до поднесување на барањето за одобрение за употреба односно до подготвување на извештајот за извршен технички преглед од надзорен инженер, доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни објекти кои што се државни патишта, локални патишта и улици, водоснабдителни и канализациони системи железнички пруги, гасоводи и далноводи, продуктоводи, топловоди, нафтоводи, жичари, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори системи за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба градби кои претставуваат заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија и правни лица во целосна или доминатна сопственост на Република Македонија, а не се решени имотноправните односи за целата градежна парцела или
- Имотен лист со запишано право на сопственост на Република Македонија, или конечно Решение за експропријација, или Имотен лист со запишано право на сопственост или право на доготраен закуп или право на службеност на градежното земјиште доколку се работи за изградба на линиски инфраструктурни градби, кој е составен дел на Геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште
4.Геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.
5.Доказ за платена административна такса во износ 1.000,00 денари
6.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
7.Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Аплицирањето на документацијата за издавање на Одобрение за доградба или надградба се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За добивање на Одобрение за надградба на објекти за индивидуално домување кој е изграден со одобрение за градење или за истиот е донесено правосилно Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект потребно е да ги доставите следните документи:
1.Основен проект (PDF/DWG формат со електронски потпис) со позитивен Извештај за ревизија (PDF формат со електронски потпис)
2.Идеен проект (PDF/DWG формат со електронски потпис) одобрен согласно со членот 48-а од Законот за градење
3.Изјава од проектантот дадена под кривична и материјална одговорност со која потврдува дека постојната состојба на објектот е веродостојно прикажана во основниот проект
4.Позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата
5.Имотен лист за постојниот објект на кој ќе се врши надградба со утврдена намена семејно домување во станбени куќи (А1) и со утврдено право на сопственост на инвеститорот
6.Согласност за надградба од сопственикот на постојниот објект, доколку истиот не е инвеститор
7.Конзерваторско одобрение издадено од Управата за заштита на културно наследство и изјава од барателот дадена под полна материјална и кривична одговорност со која истиот ќе потврди дека конзерваторското одобрение се однесува на проектот доставен преку информацискиот систем е-одобрение за градење, доколку е поднесено барање за надградба на објект кој претставува заштитно недвижно културно наследство согласно со закон.
8.Доказ за платена административна такса во износ 1.000,00 денари
9.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
10.Податоци за градбата за потребите на ДЗС
Аплицирањето на документацијата за издавање на Одобрение за надградба на објекти за индивидуално домување се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За добивање на Одобрение за отстранување на објект потребно е да ги доставите следните документи:
1.Писмено Барање за издавање на Одобрение за отстранување на објект
2.Доказ за сопственост на објектот
3.Проект за отстранување на објект или негов дел
4.Доказ за платена административна такса во износ 300,00 денари
5.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Одобрение за отстранување на објект се врши во писмена форма и се поднесува на шалтерот во општината
За добивање на Решение со кое се одобрува пренамена на посебен дел од објект, стан или дел од стан потребно е да ги доставите следните документи:
1.Извод од урбанистички план или урбанистичко-планска документација со кој се потврдува дека објектот предмет на пренамена е предвиден со планската документација
2.Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, кој е предмет на пренамена
3.Основен проект за предвидената пренамена (PDF/DWG формат со електронски потпис), со позитивен Извештај за ревизија на истиот (PDF/DWG формат со електронски потпис)
4.Договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за објект во етажна сопственост
5.Доказ за платена административна такса во износ 800,00 денари
6.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Решение со кое се одобрува пренамена на посебен дел од објект, стан или дел од стансе врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За добивање на Решение со кое се одобрува реконструкција на објект или дел од објект потребно е да ги доставите следните документи:
1.Доказ за правото на сопственост на посебниот дел од објектот, односно станот или делот од стан, а доколку се работи за реконструкција на објект за кој е донесена одлука согласно со членот 67-а став (1) од Законот за градење, Одлука на Советот на општината
2.Имотен лист за објектот предмет на реконструкција или правосилно Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за реконструкција
3.Основен проект за предвидената реконструкција (PDF/DWG формат со електронски потпис) со позитивен Извештај за ревизија на истиот (PDF формат со електронски потпис)
4.Доказ за платена административна такса во износ 1.000,00 денари
5.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Решение со кое се одобрува реконструкција на објект или дел од објект се врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ
За добивање на Решение со кое се одобрува адаптација на посебен дел од објект, стан или дел од стан потребно е да ги доставите следните документи:
1.Имотен лист за објектот предмет на адаптација или правосилно Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект донесено согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за објектот за кој е поднесно барање за адаптација
2.Проект за адаптација кој содржи постојна состојба и нова состојба што се предвидува со адаптацијата (PDF/DWG формат со електронски потпис)
4.Доказ за платена административна такса во износ 800,00 денари
5.Полномошно заверено од страна на овластен нотар
Аплицирањето на документацијата за издавање на Решение со кое се одобрува адаптација на посебен дел од објект, стан или дел од стансе врши по електронски пат преку ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ Е-ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ