Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со Свештените лица од црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе организира положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден.
За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2023 (четврток) со почеток во 12:00 часот, да земат активно учество и со својата масовност да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.
Сите заентересирани учесници за манифестацијата, кои сакаат да го фатат крстот од водите, можат да се пријават во просториите на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден. За најсреќниот учесник кој ќе успее да го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци.