Под мотото „Јас и светот околу мене“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“  и станаа членови на Детската организација. На овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија културно уметничка програма, во која дечитара глумеа, играа, пееја и другаруваа.

За време на оваа свеченост, на која покрај големиот број родители и деца, присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски,  децата се запознаа со Детската организација, нејзиното значење, детските права и одговорностите кон училиштето.

Во рамки на „Детската недела“ која се одржува од 02 до 08 октомври во општинските основни училишта во општина Илинден се одржуваа разни работилници, во кои децата земаа активно учество.