Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 22-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Свежо цвеќе положија членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на општина Илинден предводени од градоначалникот м-р Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, претставници на месната заедница и жители на н.м.Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржува традиционален меморијален турнир во фудбал на кој учествуваат 12 екипи од сите населени места на општина Илинден.