Со положување на свежо цвеќе пред спомен плочата на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 21-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината.
Делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година.
Драго Маневски е роден 1966 година во Марино, загинува на 11 ноември во Требош, во кризната 2001 година како член на безбедносните сили на Република Македонија.