Во присуство на голем број верници во новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден, се одржа литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители, по повод големиот христијански празник Свети Константин и Елена.

Црковниот храм на овој убав ден го посети и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој присуствуваше на светата литургија. Градоначалникот им го честиташе денешниот ден на сите православни верници, а на оние кои го носат името на овој ден им го честита именденот.