Со божествена литургија која се одржа во црквата ,,Св. Константин и Елена” во населба Илинден се одбележа денешниот голем христијански празник посветен на двајцата светители ,,Свети Константин и Елена”.
По повод верскиот празник, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, ја посети црквата ,,Св. Константин и Елена” во населба Илинден, кој на сите православни верници им го честиташе денешниот ден, а на оние кои го носат името на овој ден им го честита именденот.
