Детската градинка „Гоце Делчев“ на свечен начин го одбележа 15-тиот патронен празник и 152 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

Одбележувањето започна во дворот на централниот објект со откривање на новопоставената бистата на патронот Гоце Делчев, а потоа и положување на свежо цвеќе од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, директорката Катерина Бојковска и останатите присутни.

Свеченоста продолжи со прекрасно подготвена приредба, пред поголем број гости под мотото „од 60 до 560“, каде учествуваа повеќе дечиња од и низ песна и игра се потрудија дојтојно да го одбележат патрониот празник.

Градоначалникот Георгиевски честитајќи им го патрониот празник на вработените, истакна дека градинката „Гоце Делчев“ уште од самото постоење претставува пример и репер за другите како треба да функционира една институција. Ова мислење за детската градинка го делат и граѓаните, односно оние најзасегнатите, а тоа се родителите.

По повод 15 тиот патронен празник на детската градинка, на градоначалникот Александар Георгиевски му беше доделена Плакета за придонес во развојот на детската градинка.