Со положување свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци, основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци го одбележа патрониот празник. Настанот беше одбележан со достоинствена церемонија на која присуствуваа градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, директорот на училиштето Дарко Петковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и директори на други образовни институции и на јавните претпријатија.
По повод празникот, учениците од училиштето подготвија богата културно-уметничка програма, исполнета со музика, рецитали и сценски настапи, со што ја истакнаа својата креативност и оддадоа почит кон ликот и делото на Миладиновци.
Во рамки на одбележувањето, делегацијата изврши увид и во новоизградената спортска сала при подрачното училиште во населеното место Текија, што претставува значаен чекор во унапредувањето на условите за настава по физичко образование и спортски активности за учениците.
Градоначалникот Георгиевски, го честита патрониот празник, истакнувајќи дека вложувањето во образованието и создавањето на современи услови за учење остануваат приоритет за општинската локалната самоуправа.

