Учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци го одбележаа патрониот празник на училиштето со разни изложбени работилници, спортски, музички и ликовни активности.

Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци, а во име на општина Илинден свежо цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски. Свежо цвеќе положи и делегација од училиштето предводена од директорката Марија Зоксимовска.

Веднаш по положувањето цвеќе следуваше рецитал од учениците, настап на училишниот оркестар, како и драмска изведба од драмската секција. Градоначалникот Георгиевски ги посети и работилниците на кои учествуваа голем број на ученици кои сликаа, играа и се натпреваруваа во знаење.