Општина Илинден изготви Годишен извештај за работењето за 2022 година, при што се објавени поголем дел од проектите на кои се работеше во текот на изминатата година, а се од областа на комуналната и патната инфраструктура, животната средина, образованието, културата, спортот и уште многу други.

Во рамки на своите финансиски можности како и пандемиската и енергетско-економската криза која се случи во светот, а ја опфати и нашата општина, сметаме дека 2022 година е успешна и треба да бидеме горди на сработеното во неа. Во прилог е деталниот Годишен извештај за работењето за 2022 година, во кој може подетално да се разгледаат активностите во општина Илинден. Дополнително Годишниот извештај ќе биде отпечатен и дистрибуиран до граѓаните на општина Илинден.

Download