Новото мултифункционално игралиште кое се наоѓа во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден е достапно за користење без надомест за сите граѓани во периодод од 15:00 до 24:00 часот, во деновите од понеделник до сабота.
За користење на мултифункционалното игралиште, граѓаните треба да резервираат термин во просториите на спортската сала „Гоце Делчев“.
Инаку мултифункционалното игралиште е прво од ваков тип во Општина Илинден и се простира на површина од околу 1000 метри квадратни. Наменето е за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, поставена е заштитна ограда, поставено лед осветлување, клупи, корпи за отпадоци, партерно уреден простор, со што се добива комплетно нов лик на овој спортски терен во Илинден.