Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготвија интересни содржини за жителите, каде од 27 до 30 декември во комплексот на Спортско рекреативниот ценар во Марино, под мотото ,,Патека на радоста” се одржува Новогодишен базар.

Базарот кој втор пат се одржува во општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании, покрај интересни подароци за претстојните празници, им нуди на граѓаните и богата музичка програма. Жителите во текот на овие четири денови имаат можност во рамки на Новогодишниот базар да уживаат во одлична храна и топли пијалоци, дружење со Дедо Мраз, детска програма, забавувачи и изведувачи, програма за секоја возраст.

Посетителите на Новогодишниот базар првиот ден уживаа во детската програма, а потоа и со настапот на естрадниот уметник Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд, вториот ден покрај детската програма настап имаа и Андреј Цаневски и Игор Стојанов-Баркли.

Според програмата денес со почеток во 17 часот е предвидена детска програма, а со почеток во 19 часот настап на Куку Леле. Утре во 19 часот посетителите ќе имаат можност да уживаат и да се забавуваат со настапот на музичките изведувачи Пајак и Лара.

Општина Илинден ги поканува сите жители да го посетат овој Новогодишен базар, да се дружат и забавуваат во овие празнични денови.