Денеска, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели новогодишни пакетчиња за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.
Како што изјави градоначалникот Георгиевски, со овие новогодишни пакетчиња сакаме и на овие деца да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас, а ние не сме ги забораваме. Градоначалникот на сите деца им посака во новата 2024 година да имаат здравје, среќа и љубов.