Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден пришто направи увид во активностите кои се спроведени во изминатиот период во нова училиште.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, локалната самоуправа континуирано работи на обезбедување услови за образованието и успешно реализирање и подобрување на воспитно образовниот процес во сите училишта на нејзина територија. Инвестициите во образованието се од огромно значење за иднината на една општина, па затоа реконструкцијата и модернизацијата на општинските училишта е еден од приоритетите во работењето.

За таа цел, извршено е санација на подови и скали, санација и обновување на кабинетот по информатика, набавка на 15 персонални компјутери за обновување на кабинетот по информатика, за подобрување на условите за работа на наставниот кадар набавени се 10 лап топ компјутери, набавка на интерактивни смарт табли, набавен на смарт телевизор (информатор) и поставен во училишниот хол.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.

Доказ дека ова училиште континуирано се грижи за квалитетно свроведување на воспитно образовниот процес, се и одржувањето на воннаставни активности за учениците. За таа цел во новото подрачно училиште се одржа и новогодишен базар со прекрасно рачно направени изработки од вредните раце на учениците. За програмата да биде уште поубава, учениците заедно со наставничките подготвија и културно уметничка забавна програма.