Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Во рамките на овој проект поставена е нова линија за улично осветлување во Јака, во должина од 550 метри, во Марино на улица ,,540” во должина од 200 метри, како и на улица ,,533” во должина од 100 метри. Нова линија улично осветлување е поставено на влезот во Миладиновци во должина од 100 метри како и во населба Илинден на улица ,,2” во должина од 150 метри.

Покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување се врши и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови.

Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден.