Со цел обезбедување квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните Општина Илинден интензивно работи на опремување и  модернизирање на општинските јавни претпријатија.

Во изминатиот период за потребите на ЈКП „Илинден“ обезбедени се 10 метални контејнери од 5.5 м³, 20 метални контејнери од 1.1м³, 30 парковски корпи за отпадот, 20 пластични садови за отпад од 240 литри и 120 пластични садови за отпад од 120 литри.

Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски локалната самоуправа контирнирано се грижи за граѓаните да имаат квалитетни комунални услуги. Со модернизирањето и обновувањето на опремата на јавните комунални претпријатија овозможуваме поефикасна, побрза и поквалитетна комунална јавна услуга за жителите, но и придонес општина Илинден да биде една од најчистите општини во државата и регионот.

Јавното комунално претпријатие „Илинден“ е ангажирано за собирање, изнесување и депонирање на комунален отпад од населението и индустријата, одржување на јавната чистота, чистење на јавните површини, уредување на парковите, зеленилото,садење на ниска и висока вегетација, уредување и одржување на улици, сообраќајници и пешачки патеки, одржување на јавното осветлување, стопанисување со спортските објекти на територија на општина Илинден, како и оџачарски услуги.