Дејан Ристовски кој оваа година успеа да го фати светиот крст во водите на езерото во хотелскиот комплекс на Белви, по поводхристијанскиот празник Богојавление-Водици, денес ги посети просториите на Општина Илинден.

Ристовски срдечно беше пречекан од градоначалникот Александар Георгиевски и целокупниот персонал на Општина Илинден, кои лично му го честитаа успехот и се поклонија пред Светиот крст, со желби за здравје, успех и просперитет како на најсреќниот  Дејан , така и на целата Општина Илинден.