Во пријателска и срдечна атмосфера, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници од српската општина Ќуприја и од основното училиште „Ѓура Јакшиќ“.

Средбата беше организирана во рамки на иницијативата за обновување на долгогодишната соработка помеѓу училиштето „Браќа Миладиновци“ од општина Илинден и основното училиште „Ѓура Јакшиќ“ од општина Ќуприја. На состанокот се разговараше за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на образованието, спортот и културата. Целта е преку заеднички активности и проекти да се овозможи размена на искуства помеѓу учениците и наставниот кадар, како и создавање нови пријателства и заеднички иницијативи.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден континуирано работи на градење мостови за соработка со пријателски општини и дека ваквите иницијативи имаат големо значење за развојот и образовниот напредок на младите генерации.

Општина Илинден останува посветена на вложувањата во младите, обезбедувајќи услови за квалитетно образование и развој, со цел да се создаде стабилна и светла иднина за сите ученици.