Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.
Екипите на ЈКП „Водовод” работат на дислокација на дел од главната водоводна мрежа на потегот н.м. Марино – Кадино, во вкупна должина од 600 метри и притоа ќе се изврши замена на старите ПВЦ цевки со нови Полиетиленски цевки.
![](https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2022/04/vodovod-1.jpg)
Увид во градежните активности денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека модернизирањето на водоводната мрежа е со цел обезбедување на поголем квалитет во водоснабдувањето во населените места Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Бунарџик, Ајватовци и Бучинци.
![](https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2022/04/vodovod-2.jpg)
Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем.
![](https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2022/04/vodovod-.jpg)