Денеска во Домот на култура ,,Илинден” беше одбележана 55 годишнината од формирањето на Месната заедница-Илинден, на која присуствуваа нејчините членови.

На одбележувањето беа доделени благодарници на сите кои имаат дадено придонес за развојот и унапредувањето на Месната заедница-Илинден.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.