На спортскиот терен во населеното место Мралино вечерва се одржа Меморијален натпревар во чест на Ѓоре Димоски-ЈОЦО и Велковски Марјан-КАРЕ.
На натпреварот каде учествуваа четири екипи присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој на победничката екипа и додели пехар.

Општина Илинден и годинава го поддржа овој меморијален натпревар кој се одржува во чест на Ѓоре Димоски-ЈОЦО и Велковски Марјан-КАРЕ, со цел развој на спортот и спортските активности на нејзина територија.