Пред голем број љубители на спортот на спортскиот терен во населеното место Дељадровци се одржа Меморијален турнир во мал фудбал ,,Драганчо Стојановски-Прпе” 2023, на кој оваа година учествуваа 28 екипи од повеќе општини.

На финалниот натпревар првото место го освои екипата на гостилница Кај Џек, второто место СМД Ајватовци, трето место за Профи Арт Дизајн, четврто место за Жиле Плин, за најдобар голман на турнирот беше прогласен Ивица Божиновски од СМД Ајватовци, додека за најдобар играч беше прогласен Марио Антевски од екипата гостилница Кај Џек..

Општина Илинден и оваа година го поддржа турнирот а градоначалникот Александар Георгиевски, кој беше присутен на финалниот натпревар на најдобрите им ги додели пехарите и истакна дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој така и за другите спортски настани.