Во општина Илинден и оваа година ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има девет годишна традиција во Долно Лисиче. Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да се запознаат со сите гости на овогодишниот фестивал од Украина, Романија, Молдавија, Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“ и ансамбл „Ѓорче Петров“.

Овој фестивал ќе се одржи на 20 јуни во 19:00 часот со фестивалско дефиле кое ќе започне од пред ПОУ „Гоце Делчев“ во Илинден со сите учесници по ул.2 се до Домот на култура ,,Илинден” каде што во амфитеатарот со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концертот.

Овој фестивал има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.