Центарот на спортските случувања денес беше во Општина Илинден, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” свечено беше отворен 12. Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023”. Турнирот е во организација на Македонската џиу џица федерација, а учествуваа преку 250 борци и тоа од  клубови од Германија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија, Австрија и се разбира од Македонија.

На 12. Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023” се обрати и ги поздрави присутните, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при што ги прогласи натпреварите за отворени. Тој истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортските активности и им дава големо значење, доказ за тоа е одржувањето на голем број спортски натпревари во нашата општина. Со оглед на фактот дека овој турнир по втор пат се одржува во нашата општина, тоа е доказ дека Општина Илинден се покажа како добар домаќин за спортските натпревари.

Турнирот беше во три дисциплини во детски и во возрасни категории, машка и женска конкуренција. Натпреварите течеа во најдобар ред во позитивен спорски дух, без повреди, а љубителите на овој спорт имаа можност да ги погледнат динамичните борби, дуо-систем што значи презентација на техники за самоодбрана како и неваза-бразилска џиу-џица.