ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР) е една од најзначајните општински функции и надлежности, особено при преминот кон децентрализација чија главна цел е да обезбеди развој на локалното стопанство во Општина Илинден.
Во смисла на промовирање на стопанската структура, комуналната инфраструктура, природни ресурси, и расположлива работна сила овој проект дава импулс за влез на нови претпријатија и го помага развојот на ново основаните фирми на територијата на Општината.
Преку проектот се овозможува партнерите од јавниот, приватниот (бизнис) и невладиниот сектор да создадат подобри услови за економски растеж и отварање на нови работни места како и воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање нова заедница и деловна благосостојба со цел подобрување на квалитетот и условите на животот на сите во заедницата.
Целта е подобрување на економската состојба во општината преку зголемување на обемот на приходите, по основ на експанзија на бројот на претпријатија во приватниот сектор и консеквентно зголемување на куповната моќ на граѓаните.
Целната група кон која се упатени проектните активности се локалната заедница, локалната самоуправа, малите и средните претпријатија, големите претпријатија, занаетчиите и претприемачите и услужниот сектор како и централната Власт.
Главните проблеми се индентификувани преку јавни расправи, форуми, непосредна комуникација, анкети, интервјуа и прашалници, повратни информации од граѓаните и партиципативно тело.
Дефинираната целна група ја сведуваме на две групи, претпријатија чие седиште е на територијата на Општина Илинден за чиј развој општината може и самата да се грижи, и претпријатија (домашни или странски) чие седиште е надвор од општината, но за кој општината во рамките на својте надлежности прави напори да ги привлече на својата територија.
Во таа насока е изработен Стратешки план за Локален Економски Развој на Општина Илинден за период од 2006 до 2011 година, Стратешки план за Локален Економски Развој на Општина Илинден за период од 2012 до 2016 година и Стратешки план за Локален Економски Развој на Општина Илинден 2017-2021.
Стратешки план за Локален Економски Развој на Општина Илинден 2017-2021
Општина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, го изработи новиот Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2017-2021 година, што имате можност да го преземете од нашиот веб сајт.
Со Стратешкиот план е одредена насоката на развој на Општина Илинден, а определени се и конкретните акциони чекори за наредниот период. Сето ова треба да овозможи продолжување на економскиот раст и подобрување на условите за живеење во Општина Илинден.
Во соработка со ОБСЕ, Општина Илинден го изработи и првиот Стратешки план за локален економски развој на Општина Илинден за периодот 2006-2011 година, како и вториот за периодот 2012-2016 година.
Зацртаните чекори во овој Акционен план беа реализирани со процент од 91 отсто успешност, што придонесе за брз локален економски развој на Општината и нејзино прераснување во една од најдобрите општини во Република Македонија.
Стратешки план за Локален Економски Развој на Општина Илинден 2012-2016 година
Општина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, го изработи новиот Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година, што имате можност да го преземете од нашиот веб сајт.
Со Стратешкиот план е одредена насоката на развој на Општина Илинден, а определени се и конкретните акциони чекори за наредниот период. Сето ова треба да овозможи продолжување на економскиот раст и подобрување на условите за живеење во Општина Илинден.
Во соработка со ОБСЕ, Општина Илинден го изработи и првиот Стратешки план за локален економски развој на Општина Илинден за периодот 2006-2011 година. Зацртаните чекори во овој Акционен план беа реализирани со процент од 91 отсто успешност, што придонесе за брз локален економски развој на Општината и нејзино прераснување во една од најдобрите општини во Република Македонија.