Во текот на месец октомври општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле” – Скопје изврши машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот низ централниот дел на Миладиновци. Исчистени се 2700 метри (планирани беа 2500 метри), при што се отстранети трска, капини, шавор и друг наносен материјал.

Од почетокот на годината досега исчистени се 23 километри од каналската мрежа којашто на територијата на општина Иинден се протега во должина од 120 километри.
Во наредниот период предвидено е да се исчисти Главниот канал во централниот дел на нас. Илинден и н.м. Марино во должина од 4000 метри.

Континуираното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали со што се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението и во наредниот период останува приоритет во работењето на општина Илинден.