Учениците од ООУ „Гоце Делчев” во општина Илинден добија нов опремен кабинет по природни науки (биологија, хемија, физика, математика и природни науки).
Кабинетот е опремен со нов мебел, прибор за работа, коишто се очекува да придонесат за квалитетен, современ образовен процес, но и да ја поттикнат истражувачката работа на учениците.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ги посети просториите во училиштето, истакна дека со инвестирање во образованието значително ќе се подобрат условите за учење и за работа во сите училишта. Инвестициите во образованието ќе донесат најдобри резултати на долг рок.
Опремувањето на кабинетот по природни науки се врши во соработка со Министерството за образование и наука.