Општина Илинден во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) од Скопје  а со цел  унапредување на земјоделството во Општина Илинден  објавува

  Ј А В Е Н     П О В И К

за пријавување на земјоделци за спроведување на бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва

  1. Општина Илинден ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои имаат во сопственост земјоделско земјиште на територија на Општина Илинден да се пријават за спроведување на бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва.
  2. Целта на ова испитување е да се добијат информации  за квалитетот на почвата која ја обработуваат кои  се потребни за: правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите.
  3. Анализите ќе бидат извршени од страна на стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) од Скопје.
  4. Сите заинтересирани земјоделци можат да поднесат пријава со прилог копија од лична карта  и  Имотен лист за катастарската парцела на која сакаат да се изврши испитувањето преку архивата на Општина Илинден сметано од денот на објавување 01.11.2023година до 15.11.2023 година.
  5. Право на учество на јавниот повик имаат сите земјоделци со живеалиште на територија на Општина Илинден а изборот ќе се изврши според принципот „ прв дојден прв услужен“.
  6. За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 02/2571-703 локал 105 контакт лице Славица Милошевска.