Јавното Комунално Претпријатие “Водовод” н.Илинден е основано од страна на Општина Илинден за вршење на комунална дејност собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода како дејност од јавен интерес на подрачјето на Општина Илинден.
На седницата на Советот на Општина Илинден одржана на ден 30.08.2008 година е донесена одлука бр.07-1417-6 за издвојување на деловната единица – сектор Водовод од постојното Jавно комунално претпријатие Илинден од н.Илинден основано со одлука бр.09-349/6 од 25.11.1998 година и одлука за основање на ново Јавно комунално претпријатие Водовод, н.Илинден бр.07-1417/7.

Основна, односно претежна дејност на Претпријатието според националната класификација на дејности во Република Македонија (НКД-Рев.2) е 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода. Покрај основната дејност, Претпријатието во рамките на својот делокруг на работење врши и други дејности во согласност со закон и тоа 37.00 Отстранување на отпадни води.
Вршењето на дејноста се изведува преку средствата што ќе се остварат преку цената на услугите, од средствата на буџетот на основачот како и од други средства согласно закон.
Дејноста на Претпријатието се врши согласно Статутот на Јавното Комунално Претпријатие „Водовод“ н.Илинден кој е донесен од страна на Управниот одбор на ЈКП „Водовод“ н.Илинден на 29.01.2009 година и одобрен од страна на Советот на Општина Илинден.
Во текот на годините основниот Статут на Претпријатието претрпува измени и сите статутарни измени се сублимирани во Пречистен текст на Статутот на ЈКП „Водовод“ Илинден усвоен од страна на Управниот Одбор на Претпријатието на 29.09.2016 година.
Органи на Претпријатието се: Управниот одбор, Директорот и Надзорен одбор.
Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Општина Илинден со Решение за именување на членови на Управниот одбор.
КОНТАКТ:
ЈКП Илинден
ул. „Гоце Делчев“ бб
1041 Општина Илинден
vodovodjkp@yahoo.com
02/2573 077