Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.весник на РСМ’’ бр.32/2020), Градоначалникот на Општина Илинден, го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот oпфатен со Предлог планот за Изменување и дополнување на УБ3 и УБ4 од Урбанистички план вон населено место Илинден, за дел од стопански комплекс КО Илинден вон град, Општина Илинден, државната управа, научните и стручните организации, дека Градоначалникот на Општина Илинден донесе Одлука за организирање на:

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

По Предлог планот за Изменување и дополнување на УБ3 и УБ4 од Урбанистички план вон населено место Илинден, за дел од стопански комплекс КО Илинден вон град, Општина Илинден, кoj oпфаќа простор од 25,08 ха., со следните граници :

Границите на планскиот опфат се:

-на север границата започнува од точката 1 на дел од КП 171, ја сече КП 168/1, КП 172 и КП 2822/1, КО Илинден внг, Општина Илинден;

– на исток границата започнува да се движи во јужен правец долж КП 2822/4, ја сече КП 165, КП 2813, КП 199, КО Илинден внг, Општина Илинден

– на југ границата започнува да се движи во западен правец долж границата на КП195/2 со КП193/1, па продолжува во истиот правец долж границата на КП193/1, КО Илинден внг, Општина Илинден;

– на запад границата започнува да се движи во северен правец и ја сече КП 183, КП 180/1, КП 180/5, 179/3, 178/1, КП 175 и КП 171, КО Илинден внг, Општина Илинден.

Во рамките на Предлог планот за Изменување и дополнување на УБ3 и УБ4 од Урбанистички план вон населено место Илинден, за дел од стопански комплекс КО Илинден вон град, Општина Илинден, се предвидени следните класи на намена:

Г – РУДАРСТВО,

ЕНЕРГЕТИКА И СЕРВИСИ

Г2.1 – лесна градежна индустрија фабрички комплекси, индустриски работилници, хали за монтажа

Предлог планот за Изменување и дополнување на УБ3 и УБ4 од Урбанистички план вон населено место Илинден, за дел од стопански комплекс КО Илинден вон град, Општина Илинден, ќе биде изложен во просториите на Домот на култура Илинден и Општина Илинден, во рок од 30 дена и тоа почнувајќи од 16.09.2023год. до 15.10.2023год. секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.

Јавната презентација на Предлог планот за Изменување и дополнување на УБ3 и УБ4 од Урбанистички план вон населено место Илинден, за дел од стопански комплекс КО Илинден вон град, Општина Илинден, ќе се одржи на ден 20.09.2023 год. со почеток во 10.00 часот во просториите на Домот на култура Илинден. Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Општина Илинден. Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови .

ПРИЛОЗИ:

АНКЕТЕН ЛИСТ

СИНТЕЗЕН ПЛАН