Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Илинден, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.06.2022 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Фасилитатори за унапредување на социјален дијалог,, за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години

-невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Корона вирусот COVID-19

-лица корисници на гарантирана минимална помош

-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-жртви на семејно насилство

-жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници

-лица припадници на ромската етничка заедница

-лица на кои им е решен статусот со лична документација

-самохрани родители

-родители на деца со пречки во развојот

-родители на три и повеќе деца

-родители на деца на улица

-осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

-бездомни лица

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Фасилитатор за унапредување на социјален дијалог

Позиции за работно место 1: (2 две)

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

-кандидатите да се евидентирани невработени лица

– кандидатите да имаат завршено основно или средно образование

-кандидатите да се активни баратели на работа

Работно место 2: Негувател на лица со попреченост

Позиции за работно место 2: (2 две)

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

-кандидатите да се евидентирани невработени лица

– кандидатите да имаат завршено основно или средно образование

– кандидатите да се активни баратели на работа

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- во периодот од 09.06.2022 година до 22.06.2022година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Илинден и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Илинден кај лицето Христијан Илиевски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување кај лицето Гоце Петрушевски, Меѓуопштински Центар за социјална работа Илинден кај лицето Ана Марија Циглењак Симоновска.