Врз основа на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година и Правилникот за   условите ,  начинот  и критириумите за  доделување  на финансиски средства во вид на  еднократна парична помош за набавка на велосипеди,  инвертер клими односно соларни панели и  помош за млади претприемачи во Општина Илинден донесен од Советот на Општина илинден со бр.08-197/7 од 30.01.2023година, и Одлука за распишување јавен повик донесена од Градоначалникот на  Општина Илинден бр.10-1515/1  од 20.05.2024 година, Општина Илинден објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2024 година за жителите  на Општина Илинден  

1. Опис на јавниот повик  

1.1. Општина Илинден, согласно Програмата за финансиска подршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година  донесена од Советот на Општина Илинден предвидува еднократна парична помош  за набавка на инвертер клими односно соларни панели за семејства со постојано место на живеење на територија на Општина Илинден.

1.2. Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за набавка на инвертер клими односно соларни панели  изнесува 50% од сумата за која е купен инвертер климата односно соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ.

1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето по принципот „ прв дојден прв услужен“

1.4. Барањата  за финансиска подршка за набавка на инвертер клима односно соларен панел се поднесуваат од денот на објава на јавниот повик 27.05.2024 година до 25.06.2024 година односно до исцрпување на финансиските средства.

2. Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за  набавка на инвертер клима односно соларен панел има секој граѓанин  со постојано место на живеење  во  Општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел сметано од денот на објавување на јавниот повик  година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

Услов за учество на Јавниот повик е барателот и членовите на неговото потесно семејство со иста адреса на живеење да немаат искористено субвенција за набавка на инвертер клима уреди односно соларен панел  од претходен јавен повик спроведен од Општина Илинден.

3. Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Илинден;
  • да има набавено инвертер клима или соларен панел сметано од денот на објавување на јавниот повик до 25.06.2024 година односно до  исцрпување на буџетот наменет за јавниот повик;
  • инвертер клима уредот односно соларниот панел да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • само едно лице од едно семејство може да поднесе барање за добивање на надоместок;

 4. Начин на пријавување на Јавниот повик и потребна документација

 4.1. За учество на јавниот повик, барателот е должен да ја поднесе следната документација:

  • барање  за финансиска подршка за набавка на инвертер клима односно соларен панел (барањето може да се симне од web страната на Општина Илинден или да се подигне преку архивата на Општина Илинден;
  • фотокопија  од важечка лична карта на барателот,;
  • доказ дека е извршено купување на инвертер клима или соларен панел- фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, при што задолжително е инвертер климата односно соларниот панел да е целосно отплатен и плаќањето на рати не се прифаќа.
  • фотографија од монтирана инвертер клима односно соларен панел на објектот на адреса на која се води барателот по лична карта;
  • фотокопија  од трансакциска сметка на барателот,

4.2. Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на финансиска парична помош за набавка на инвертер клима односно соларен панел.

Доколу има две или повеќе барања од лица кои живеат на иста адреса на живеење добитник на надоместок може да биде само едно лице од истата адреса на живеење, и тоа лицето од таа адреса на живеење кое прво аплицирал.

4.3. Барањето за еднократна финансиска парична помош за набавка на инвертер клима односно соларен панел граѓаните го пополнуваат и поднесуваат преку архивата на Општина Илинден во затворено плико.

4.4. Примените барања се  примаат и архивираат со евидентирање  на точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата и истите ќе се разгледуваат според принципот „прв дојден прв услужен“.

5. Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели.

5.2. Општина Илинден  во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување.

5.3По секое поединечно комплетно барање, Комисијата има право изврши увид дали инвертер климата односно соларниот панел е инсталиран  во  живеалиштето според личната карта на барателот, и тоа го наведува во Извештајот.

 5.4. Исплатата на средствата ќе се врши по завршување на јавниот повик, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.5. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Илинден  ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

 6.1. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.  

6.2. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик

Прилог: Јавен повик и формулар