Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20) за формирање на Партиципативно тело за подрачјето  на општина Илинден, Градоначалникот на општина Илинден на ден 07.07.2022 година, објавува

Ј А В Е Н  О Г Л А С

ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН

            1. Предмет на овој јавен оглас е: Формирање на Партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање за подрачјето на општина Илинден.

            Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

            2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се претставници од месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

            3. Обврски на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

            4. Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на Партиципативното тело се уредени во Деловникот на Партиципативното тело што е донесен од страна на Советот на општина Илинден бр.07-1381/5 од 30.05.2022 година објавен во Службен гласник на општина Илинден број 5 од јуни 2022 година, при што бројот на граѓански членови на Партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа  не е ограничен.

            5. Документи кои се поднесуваат:

            -Пријава за член на Партиципативното тело за подрачје на општина Илинден (образецот е во прилог на огласот)

            -Кратка биографија

            -Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот                е во прилог на огласот)

            -Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог                 на огласот)

            6. Рок и место на поднесување на пријавите: Пријавите по јавниот оглас може да се поднесат преку пошта на адреса ул.9 бб н.Илинден, или преку архивата на општина Илинден во рок од 30 дена од денот на објавување на овој јавен оглас.

            Учеството на членовите во Партиципативното тело што не се вработени во општина Илинден е на доброволна основа, и на истите согласно  Законот за урбанистичко планирање  („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20)  не им следи надомест за вршење на работата.

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Градоначалник

м-р Александар Георгиевски

Прилог: ПРИЈАВА за член на Партиципативно тело за подрачјето на општина Илинден