Градоначалникот на Општина Илинден, а воедно и претседател на Советот за развој на Скопски плански регион, Александар Георгиевски денеска ја одржа дванаесеттата седница на која меѓу точките беше, избор за директор на Центарот за развој на Скопски плански регион.
Мнозинството гласови одлучи новиот директор на Центарот за развој на Скопски плански регион за наредните четири години да биде Јане Мицевски.
Градоначалникот и претседател на Советот за развој на Скопски плански регион, Александар Георгиевски упати голема благодарност за досегашната успешна соработка со в.д. директорка Розета Арсовска, а на новоизбраниот директор Јане Мицевски му посака успешна работа со Центарот во наредните четири години.