Општина Илинден изврши целосно асфалтирање на коловозот на најоштетениот дел од локалниот пат Илинден-Хиподром.

За време на градежните работи на терен кои се одвиваа во вечерните часови, посета направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Тој изјави дека асфалтирањето се изведува во вечерните часови кога фрекфенцијата на сообраќај е помала се со цел да нема застој во тековните активности на граѓаните како и работењето на локалните компании.

Досега извршено е целосно асфалтирање со два слоја на локалниот пат во должина од околу 700 метри, поставени се цевки за одведување на атмосверските води од патот како и поставени се ивичњаци.

Во наредниот период останува да се уредат банкините околу патот како и да се постави хоризонтална и вертикална сигнализација. Овој проект се реализира во соработка со Центарот на Скопски плански регион и предвидено е да биде завршен во текот на месец ноември. . Локалниот пат Илинден – Хиподром е од големо значење за жителите, затоа што Општината ја поврзува со Градот Скопје, со локалната економска зона, и е  главна артерија за јавниот превоз во општината. Со реконструкцијата ќе се обезбеди поголема безбедност на возачите кои го користат овој пат, со што ќе се создаде безбедна патна инфраструктура и решавање на проблемите на граѓаните.