Градежните активности во oпштина Илинден се одвиваат со засилено темпо, при што санирани и  тампонирани се повеќе улици во неколку населени места каде се отстрануваат недостатоците од непристапните локални патни правци.

Во населеното место Бујковци извршена е санација на пристапниот пат до гробиштата во должина од 700 метри, во н.м Мршевци, саниран е крак на улица ,,1” во должина од 200 метри, а во н.м Марино во месноста „Јака“, извршена е санација со тампонирање на крак од улица ,,500” во должина од 300 метри.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој  направи увид во теренските активности, истакна дека  реконструкцијата на постоечката патна инфраструктура е приоритет на локалната самоуправа. Градежни активности се одвиваат во неколку населени места на повеќе локации, со што ќе се придонесе за подобар пристап на граѓаните.

Општина Илинден и во наредниот период продолжува со активности за изградба, санација и реконструкција на локалните улици и патишта со цел подобрување на локалната патна инфраструктура.