Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината.

Со дератизацијата се опфатени 1096 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден, а дезинфекција е извршена на 3300 метри квадратни јавни објекти.

Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.