Во рамки на „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ за 2026 година, Општина Илинден спроведува активности за второ прскање против ларви од комарци на целата своја територија.
Според елаборатот за превентивна дезинсекција со цел спречување и сузбивање на заболувања што се пренесуваат преку вектори, во овој период се реализира втор ларвициден третман на водните површини за уништување на ларвите од комарци. Акцијата ги опфаќа сите водени површини долж отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), коритото на Сува Река, како и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од околу 50 хектари.
Третманот се изведува со еколошки препарат кој е безбеден за здравјето на луѓето и е одобрен за употреба и промет од Бирото за лекови.

