Почитувани,
Во текот на изминатиот период се соочуваме со енормно зголемување на количината на вода пласирана од пумпните и препумните станици на водоводните системи со кои стопанисува ЈКП ″Водовод″ н.Илинден.
Апелираме на рационално и наменско користење на расположливите количини на вода, со цел обезбедување достапност на доволни количества здравствено исправна и чиста вода за пиење за потребите на корисниците на услугите од општините Илинден, Гази Баба и Петровец.
Од особена важност е да укажеме дека несовесното трошење на вода за пиење, како што е користење за полевање, полнење на домашните базени и слично, значително го намалува притисокот во водоводната мрежа и истото преставува пречка да се обезбеди доволна количина на вода за пиење и одржување на личната хигиена на корисниците на повисоките места.
Укажуваме на рационално користење на водата и домаќинско постапување со расположливите количини.
Ви благодариме на разбирањето.

