Ве известуваме дека Општина Илинден отпочна со градежните активности за целосна реконструкција на коловозот на дел од улица „11“ во н.м. Кадино.
Со градежните работи ќе се опфати целосна промена на коловозната конструкција на улицата со поставување на нов асфалтен слој, како и изградба на нова пешачка патека.
За време на изведбата на градежните работи ќе има воспоставен посебен режим на сообраќај пришто ги замолуваме граѓаните учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се движат во овој дел на н.м.Кадино.