Во согласност со обврските кои ги има Општина Илинден во однос на заштитата на животната средина, а кои произлегуваат од Законот за животна средина, во тек е изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План за Општина Илинден ЛЕАП 2025 – 2031.

Изработката на овој документ е согласност со Националниот Акционен План за Животна Средина и Методологијата за изработка на Локални Акциони Планови за Животна Средина.

Локалниот Еколошки Акционен План претставува важен стратешки документ со големо значење за заштитата и унапредувањето на животната средина на општинско ниво.

Овој стратешки документ ЛЕАП има за цел:

  • да ја дефинира моменталната состојба во општината во однос на заштитата на животната средина,
  • да ги идентификува главните еколошки предизвици во сите области за кои е надлежна општината,
  • да предложи соодветни кратко рочни и долгорочни мерки за нивно решавање,
  • да направи приоретизација на предложените мерки по соодветни области
  • и да направи план за спроведување и следење на приоритетните мерки.

Изработката на ЛЕАП-от е доверена на Здружението Центар за Енергетска Ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Скопје, кое беше избрано преку процес на јавна набавка.

Општина Илинден ги поканува граѓаните и бизнис заедницата активно да се вклучат во процесот на изработка на стратешкиот документ ЛЕАП со изразување на своето мислење за предизвиците со кои се соочуваат во животната средина. Вклучувањето на јавноста во процесот на изработка на ЛЕАП – от од суштинско значење за да се добие документ кој ќе биде во корист на сите засегната страни и ќе помогне за решавање на реалните проблеми според потребата на јавноста.

Во согласност со Методологијата за изработка на ЛЕАП-от за Општина Илинден вклучувањето на јавноста е преку: